Центарот за развој на медиуми oбјави јавен повик за информативните веб сајтови во Македонија кои сакаат да развијат и тестираат нови извори на приходи. Повикот е во рамките на Програмата на USAID за зајакнување на независните медиуми во Македонија, чија цел е да ги охрабри македонските медиуми да испробаат нови начини за финансирање на своите проекти, наспроти само да се надеваат од пари од банери кои се сега традиционални методи на финансирање преку Веб. Проектот кој ќе биде помогнат со техничка и експертска помош, во соработка со самите медиуми и сајтови, се однесува на тестирање на нови извори на приходи како content marketing, мобилен и друштвен маркетинг, брендирање на медиумот и други нови методи кои се достапни со се поголемата дигитализација на содржината.
На јавниот повик, на кој ќе бидат прифатени до 10 селектирани сајтови, можат да се пријават информативни веб сајтови кои се постари од една година, имаат информативна редакција и имаат лице кое е задолжено за маркетинг, и произведуваат најмалку 20 различни информативни содржини дневно. Тестирањето на новите методи ќе трае 6 месеци, од 1 септември 2014-та година, по што ќе следат анализи на моделите кои покажале резултати, односно генерирале приходи. Рокот за пријавување е 15-ти јуни 2014-та година. На 30-ти јуни ќе бидат објавени сајтовите.







