Бразил и Хрватска го отвараат Светското фудбалско првенство во Бразил во четврток во 22:00 часот. Со првиот натпревар започнува и новата ера на Светското првенство кое ќе изобилува со нова технологија од егзоскелетот со кој парализираниот тинејџер ќе го отвори првенството со помош на мозочните бранови, до GoalControl проверка дали топката ја поминала гол линијата или не. Но, оваа Светско 2014-та ќе биде познато и како едно од првите првенства кои можат целосно да се следат преку Интернет, од друштвените мрежи каде се објавуваат и најмалите детали за тимовите и играчите, до мобилни апликации преку кои може да се следат резултати и статистики, и сервиси за стримање преку кои можат да се погледнат сите натпревари.
[youtube]LWXMhpOkDVY[/youtube]
Вие сте фудбалски експерт, и вашите прогнози се ценат
Двете најпопуларни друштвени мрежи Facebook и Twitter веќе се подготвени и ги очекуваат дебатите. Куп навивачи без сомневање по и пред натпреварите ќе ги споделуваат првите прогнози и импресии од натпреварот. Twitter ги нареди натпреварите на почетната страна на веб, за да не ги пропуштите, а на фановите кои сега креираат профил им овозможува веднаш да го одберат знамето на репрезентацијата која ја подржуваат. Хаштагот #worldcup е веќе достапен за споделување на сите вести поврзани со светското првенство. Twitter за првенството ги врати и знамињата кои ќе се појавуваат по кодот на државите на пример #CRO, #FRA или #GER. Што се однесува до Facebook, мрежата креира хаб Trending World Cup на која ќе пристигаат резултатите и коментарите, но и вести од репрезентациите. Друштвената мрежа креира и интерактивна мапа на која може да се види какво е расположението/подршката на навивачите за дел од најголемите ѕвезди на мундијалот во сите држави.
[youtube]62NnPg2Ds5w[/youtube]
Како да ги гледате натпреварите?
Македонската телевизија на првиот канал ќе ги пренесува сите натпревари. Сепак, доколку немате пристап до телевизор, а имате пристап до Интернет можете да ги следите натпреварите на неколку начини, а повеќето од нив се во сива зона. За МТВ може да ги користите локалните zulu.mk или web.maxtv.mk, но постојат стриминг сајтови кои преку Flash или специфичен софтвер нудат одлични стримови, но мора да бидете претпазливи со нив бидејќи имаат реклами кои ќе ви инсталираат глупав софвер. Ова е предупредување пред да ги посетите најпопуларните се Footballstreaming.info, Wiziwig, Sportz-World и рускиот LiveFootball.ws. За овие стримови кои се со висок квалитет ќе ви е потребно да инсталирате софтвер како Sopcast и AceStream.
[youtube]mR0gAbBRCRc[/youtube]
Следете се и ако не сте пред компјутер
Се разбира дека следењето на фудбалското првенство не доаѓа вo предвит без паметни телефони и апликации за нив кои ќе ви помогнат во следењето на вестите кои доаѓаат од Бразил. Апликацијата FIFA ќе им овозможи на Android, iPad и iPhone корисниците да ги следат сите вести од светското првенство на својот телефон, иако не е специјaлно наменета за Бразил 2014, сепак FIFA ќе ве известува постојано за настаните. Слично како и претходната апликација Forza Football ќе им овозможи на корисниците на Android и iOS постојани известувања од натреварите, а и разговори и предвидувања на форумот. За разлика од претходните апликации Onefootball Brasil е креирана специјално за светското првенство и освен Android, iOS има и Windows Phone верзија. Корисникот може да ја одбере својата омилена репрезентација, а апликацијата има minute-by-minute коментар. Апликацијата исто ттака споделува видеа од пресконференциите и интервјуата. Вистинските фудбалски фанови мора да ја симнат FourFourTwo StatsZone за iOS, бидејќи е една од ретките апликации, која со помош на Opta, ги прикажува сите можни статистики од секој натпревар, за секој поединечен игра.
Не заборавајте дека zulu.mk или web.maxtv.mk се достапни и на мобилни уреди, па ќе може да ги погледнете и натпреварите преку телефон. За крај, погледнете ги профилите на сите земји кои ќе се натпреваруваат за најпрестижниот пехар во светот на фудбалот.
Работи, само што не треба да се внесе со www, => http://play.mrt.com.mk/
http://www.play.mrt.com.mk е вебстрим на сите канали на мрт и е достапен за следење на натпреварите преку интернет!