0 коментари 3 мин. читање 1 јули, 2013

Стартуваат 36% поевтините роаминг цени низ Европа, во Хрватска дури 15 пати поевтино

Од денеска, 1-ви јули, стартуваат нaмалените роаминг цени ширум Европската Унија. Како дел од европската Дигитална Агенда, овие нови правила кои ги намалуваат цените за 36 отсто се наменети да го подобрат единствениот европски пазар и да им овозможат на европјаните слободно да зборуваат на телефон и да сурфаат на мобилен интернет без страв од високи роаминг цени. Европа го искористи моментот дека и Хрватска е нивен нов член па во соопштението напиша дека милионите посетители на Хрватска и нејзините граѓани ќе можат да комуницираат и до 15 пати поевтино во роаминг. Во другиот дел на Европа цената ќе биде за 10 пати поевтина.

Сите роаминг цени ќе добијат ограничување. Пример, еден мегабајт сега ќе може да биде максимално 45 евроценти или 28,8 денари (+ ДДВ кој зависи од државата), една минута во роаминг ќе биде 24 евроценти или 14,6 денари (+ДДВ), примање повик чини 4,27 денари (+ДДВ) и праќање на SMS ќе биде 4,8 денари (+ДДВ). Цените ќе бидат намалени и следниот јули 2014-та година, како што беа намалени и лани. Лани MB беше 70 евроценти. За жал, овие цени нема да важат во Македонија каде роамингот сè уште е изгор, и покрај тоа што македонските оператори нудат поевтини пакети. Пример, 3 MB кај некои оператори чинaт околу 150 денари.

Сите овие европски цени се максималните ограничувањеа. Иако намалените цени за операторите значи и огромен финансиски удар врз профитот, сепак Европската Унија ги охрабри операторите да понудат помали цени. Всушност, евро-комесарката задолжена за Дигитaлната Агенда, Нели Крус, најави дека ова е само почеток во намалување на цените.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top