0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Закажан е нов Startup Weekend Skopje

Од 19 до 21 септември ќе се одржи нов, четврти Startup Weekend Skopje. Настанот е 54 часовен маратон на кој креативните бизнис идеи се претвараат во стартапи, под водство на ментори и експерти кои имаат искуство со веб и мобилни апликации. Идејата зад настанот е да се поврзат стартап ентузијастите и менторите, да се креира заедница и секако да се реализира идејата. Засега, освен датумот, нема други најави за говорници и ментори. Oрганизаторите се двајцата основачи на G6 Solutions, Теодос Пејоски и Влатко Ѓурѓиноски, како и ко-основачот на u:Plug, Митко Цабески, a не ПСМ Фондација кои ги организираа претходните настани. Meѓу организаторите се и Евица Пиперовска, Наташа Петкова, Игор Ристевски, Ристе Мишев, Филип Младеновски и Симона Гадева. Потврдени партнери се New Man’s Business акселераторот и МкХост, а ќе има поддршка и од бугарските акселератори LAUNCHub и Eleven.

Startup Weekend Skopje е настан организиран под лиценца на оригиналната организација Startup Weekend од Сиетл, САД, чија заедница од сега организираше над стотици настани во 100 земји ширум светот. Моделот на настанот насекаде е ист, и сите се со заедничка цел – да се подобрат локалните стартап сцени со едукација за бизнис, програмирање и дизајн.

[youtube]22kZbWwbSTU[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top