0 коментари 3 мин. читање 11 јуни, 2014

Паметниoт термостат на Honeywell е вистински конкурент на Google и Nest

Honeywell ќе се обиде да ја разбие доминацијата на Nest и Google кога се во прашање паметните термостати. Новиот паметен термостат од компанијата доаѓа под името Lyric, и ќе чини 280 долари откако ќе биде достапен во продавниците во август. Lyric ќе биде и дел на новата истоимена платформа.

Како и термостатот на Nest и Lyric доаѓа со одличен дизајн, со минимален број на копчиња на кутијата. Посакуваната температурата се нагодува со вртење на надворешниот круг, а поради корисниците е додаден звук за секое покачување на температурата за еден степен. Истражувањето на пазарот покажало дека корисниците повеќе сакаат копчето постојано да се врти, па така е и креирано. На надворешноста на кутијата има само две копчиња, што е и нормално со оглед на тоа дека најголем дел од контролите доаѓаат преку паметен телефон. Копчињата овозможуваат да го промените греењето од: „дома“ во „излезен“ и обратно. Второто копче ја покажува прогнозата за надворешата температура во следните 12 часови.

[youtube]r-0BShbQlSM[/youtube]

Сепак со оглед на доа дека станува збор за паметен уред, кул опциите се скриени. На пример уредот препознава кога корисниците се излезени и кога се враќаат и го прилагодува греењето. Така ако сите се излезени Lyric го поставува греењето на позиција која корисникот ја нагодил за оваа ситуација во која нема никој дома. Уредот ги следи корисниците во два редиуси на растојание, 500-стапки и 11,2 км што покажува кое е веројатноста корисниците во предградијата и во градските подрачја да се вратат дома. Дополнително уредот ќе компензира и колку е температурата и колку се изгледа дека е ладно, во зависност од ветер, влажност и слично. Се разбира корисниците можат да го контролираат термостатот со паметен телефон. Корисниците можат да одберат дали сакаат да го вклучат или исклучат греењето или ладењето со помош на паметен телефон без разлика каде се наоѓаат.

Honeywell е еден од компаниите кој е партнер и соработува со Apple на HomeKit, но засега останува непознато дали Lyric ќе биде првиот уред со поддршка за екосистемот за поврзани паметни уреди на Apple.

[youtube]spu8KZvWxGw[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top