Направи си сопствено ниво на Super Mario

Алатки за креирање на една единствена видеоигра не се нешто ново и револуционерно за да мораат да бидат издавани и најавувани како новитет на Е3, oсвен ако не станува збор за Super Mario кој се чини со години ги држи во живот Nintendo и заедно со Legend of Zelda се најпопуларните игри за платформата.

Nintendo го издаде Mario Maker алатка со која секој може може да крира сопствени нивоа за New Super Mario Bros. Алатката овозможува да се поставуваат сите предмети по кои е позната играта: зелените цевки, паричките, лошите печурки, Јоши и куп други по кој Марио е препознатлив. Доколку оценуваме според првото првото видео се чини дека нема нешто на кое Nintendo не се сетил. Mario Maker би требало да биде достапен во првата половина на 2015 година на Wii U eShop иако е можно да се најде и во продавниците, јави Polygon.

„Ова е нешто што е ексклузивно за Nintendo. Почетник може да да креира нешто и да се забавува, а некој кој навистина е фан на Марио може да креира нешто покомплексно. Ова е еден од предизвиците на кои ќе им се посветиме во иднина“, вели Масатка Такемото.

[youtube]NLS458ekSEI[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk