0 коментари 1 мин. читање 23 април, 2014

ИТ настан: Заедно креираме видеоигри на Ludum Dare 29 во Скопје

Ludum Dare е 72-часовен гејминг хакатон од светски рамки, кој од саботата, 25 април, со почеток во 3 часот наутро до 1 часот во понеделникот, ќе се одржи и во Скопје. Ludum Dare e креиран со цел да се продолжи создавањето на гејминг заедница во Македонија, мотивирана од неодамнешниот собир на независни креатори на игри – Инди Пиво. На собирот се појавија доволен број гејминг ентузијасти за да почне да се размислува за градење на локална заедница на развивачи на видеоигри.

„Со Инди Пиво настанот минатата недела се обележи почетокот на нашиот обид да се создаде заедница на развивачи на игри во Македонија“, вели Кристијан Трајковски од македонското студио Dark-1, кој победи на неодамнешниот Nordeus Hаckaton во Белград. „Фидбекот кој го добивме од луѓето е поголем отколку што очекувавме, што докажува дека има многу луѓе кои се заинтересирани за развој на игри. Градењето на добра заедница околу развојот на игри може да се покаже клучна за успехот на македонската заедница“.

Пријавувањето за учество на Ludum Dare 29 во Скопје се прави преку следниов линк. За повеќе информации околу настанот, може да прочитате на глобалниот сајт, а за да запознаете дел од македонската заедница на гејминг ентузијасти, може да ги погледнете галериите од неодамнешниот Инди Пиво.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top