0 коментари 2 мин. читање 24 април, 2014

Бразил гласаше за „интернет Устав“ кој го гарантира правото на приватност

Бразилското Собрание донесе одлука со која Интернет е основно човеково право. Според новата легислатива, Бразилците имаат права на еднаков пристап до Интернет и на заштита на приватноста, јавува Reuters. Законот е донесен едногласно, со поддршка на бразилската претседателка Дилма Русеф која беше најголем критичар на прислушувањата на американската NSA и злоупотребата на приватноста.

Законот е наречен „интернет Устав“ и е поздравен од повеќе од експерти од кој најголем секако е креаторот на светската мрежа, Тим Бернерс-Ли, кој го пофали законот поради баланс на правата и задолженијата на корисниците, владите и коорпорациите истовремено овозможува Интернет да биде слободен и децентрализиран.

Законот предвидува дека информациите за граѓаните и покрај тоа што се чуваат во сервери надвор од Бразил, кога е во прашање законот ќе бидат под бразилската легислатива. Ова значи дека и компаниите како Google, Facebook, Youtube, Apple и Microsoft ќе мораат да ги почитуваат кога се во прашање државјаните на Бразил. Бразил се откажува од идејата со која првенствено мислеше сите компании кои се заинтересирани за работа во државата да ги примора да отворат дата центри во Бразил каде ќе ги чуваат податоците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top