По шест години натпреварување во Counter-Strike, македонскиот гејминг тим ENTiTY додаде и екипа за DotA 2. DotA и League of Legends се популарните MOBA игри околу коi се креираат цели е-спортски лиги со неверојатни парични награди, па не е изненадување што и најуспешните македонски гејмери сакаат да се вклучат во натпреварувањата. ENTiTY се содржи од два тима по пет члена – поискусниот се натпреварува во Counter-Strike: Global Offensive, а другиот во DotA 2. Според Александар Киселинов од ENTiTY, тимот за DotA 2 е составен од „најдобрите играчи во Македонија“. Моментално тимот се натпреварува во Gigabyte Challenge, а од среда ќе започне и со Balkan DotA 2 Championship.
„Целта е да играат сите онлајн лиги и турнири кои ќе можеме да ги играме а исто така во план е да се оди на LAN натпревар во некои од нашите соседни земји. Во моментов нема конкретни информации за LAN натпревар но би моби можело да биде тоа во јуни“, вели Александар.







