Вечерва во 20:00 часот во просториите на NewMan’s Business Accelerator ќе се одржи настан за отворени иновации, каде што ќе се зборува за како да се реализира идеја во комерцијален производ. На настанот ќе има и презентации за иновации од Македонија и светот.
На отворениот настан, на кој се поканети сите, ќе зборуваат професорот на ФИНКИ, Владимир Трајковиќ; основачот на ЕМКИЦЕ, Илија Вучков кој ќе говори за „Отворените патенти на Tesla Motors, технолошки пронајдоци, патентите и индустриската сопственост на Tesla Motors“ и за „сопствени дизајнирани производи и иновации кои веќе се произведуваат“. Ќе гостуваат и основачот на стартапот u:Plug, Митко Цабевски, кој ќе зборува за „процесот на иновирање во старт-ап компанија во Македонија“; дизајнерката и основачот на Modular, Нина Ниневска, која ќе говори како „од уметност да се направи продукт“ и креаторот на СИНО Студио, Ема николова, која ќе ја претстави „првата самостојна колекција на мебел“.







