Прв поглед на iOS 8 и сите негови нови и интересни функционалности

Avatar img-thumbnail img-circle

во Рецензии, Софтвер

Оперативниот систем за iPhone, iPad и iPod на Apple iOS 8 е веќе достапен и доаѓа со поддршка за iPhone 4S и поновите верзии, iPad 2 и понови верзии заклучно со iPad Mini, петтат генерација на iPod Touch и третта генерација на Apple TV. Одлична рецензија на iOS 8 можете да прочитате на Ars Technica.

Акцент на iOS 8 е ставен на обединување на сите уреди кои доаѓаат од Apple. Уште на презентирањето на iOS 8 видовме дека компанијата сака да овозможи едноставно префрлање од еден на друг уред и породолжување на работата. Најголема предност од обединувањето ќе имаат корисниците кои имаат iOS 8 на iPhone и iPad, а OS X Yosemite на Mac, со ова ќе можат да се префрлат од iPhone, на iPad или на Mac компјутер. Најголем дел од новитетите во iOS 8 се од функционална, а не од естетска природа. Така Spotlight сега собира и податоци од App Store, iTunes, Wikipedia и остатокот од Интернет, како додаток на локалната содржина. За Spotlight Apple го користи Bing, иако Google останува главен пребарувач во Safari.

[youtube]Wnax58nsHpA[/youtube]

Центарот за нотификации е подобрен и овозможува истовремена интеракција со повеќе нотификации од една апликација. Дел од нотификациите овозможуваат поедноставно и побрзо одговарање. iMessage на пример овозможува отворање на апликацијата со притисок на банерот. Некој апликации овозможуваат брзи одговор со повлекување надолу на нотификацијата. Ова овозможува значително полесно одговарање на имејл пораките, во чии нотификации се додадени повеќе опции за интеракција.

iOS 8 зазема причично голем простор на телефонт, затоа добар дел од прегледите советуваат префрлање на сите непотребни содржини на iCloud, како и бришење на апликациите кои не го користите. Корисниците можат да го надградат iOS 7 на iOS 8 од Settings>General>Software Update, доколку е достапен iOS 8 ќе може да го преземат. Но надградбата ќе одземе подолг период, па бидете подготвени да чекате. Дел од корисниците чии уреди поддржуваат iOS 8 како iPad 2 или iPhone со А5 процесор треба подобро да ги разгледаат прегледите пред да се одлучат да го надградат својот уред.

[youtube]mq16QRXDGWY[/youtube]

Тастатурата доживеа преработка и според дел од првите прегледи станува збор за „autocorrect“-револуција. QuickType не само што ќе ги поправа грешките додека пишувате, туку ќе се обиде и да го следи стилот на пишување кој го имате. Покрај ова, ново е што може за прв пат да си смените тастатура на iOS.

[youtube]OLisADopbeo[/youtube]

HealthKit е една од функционалностите кои доаѓаат со iOS 8. Health апликацијата ги собира податоците од М7 и М8 и останатите фитнес апликации како на пример: апликација која ја кореистите при трчање, мерач на калории и монитор на работа на срце и притисокот. Податоците од сите овие апликации одат во Health, а од таму можат да се користат за набљудување на вежбите, па дури и за креирање на „медицинска лична карта“. Со излегување на Apple Watch и податоците од часовникот ќе бидат интегрирани во HealthKit.

iOS 8 доаѓа со подобрување на TouchID кој без сомневање се клучни со оглед на тоа дека компанијaта сака да направи значаен исчекор во е-плаќањето. Новитет со iOS 8 е Home Kit обид на Apple да се намали фрагментацијата кај уредите од „Интернет на нештата“.

[youtube]pC3XCOW0684[/youtube]

Напредок има и кај Siri, слично како Google Noe сега и Siri има сопствен „Ок Google“, во „Hey Siri“. Новина е што Siri сега може да препознава музика, налик на Shazam, и тоа што сега ви го снима говорот, наместо како до сега да го анализира целите реченици. Така полесно, во реално време ќе сфатите дека Siri ве разбрала погрешно, наместо да чекате, вели Ars Technica кои имаат навистина! детална рецензија.

[youtube]Qta2NplCvsk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments