Новиот iPhone 6 Plus дојде до рацете на iFixit кој го презентираа на најдобриот можен начин, до најситните негови делови. Расклопувањето ги опфати и пластичниот додаток кој помага за подобар WiFi прием, но не им се допаѓа премногу на купувачите и издадената камера која Apple се обиде да ја скрие на сите слики на кои го презентираа новиот телефон.
Со новиот телефон Apple префрли дел од конекторите, па сега отворањето на телефонот е поедноставно. Батеријата на iPhone 6 Plus е огромна и зафаќа најголем дел од телефонот, а нејзиониот капацитет е 2.915 mAh што е доволно за 24 часовен разговор или 12 часа прелистување по Интернет. Расклопувањето овозможи речиси веднаш по излегувањето да може да ги видиме и останатите делови 8МР камера која е подобра од камерата на iPhone 5S, нудејќи можност за стабилизација на сликата. Телефонот доаѓа со нов A8-процесор и М8-копроцесор, а верзијата до која стигна iFixit доаѓа со 1GB RAM, иако експертите тврдат дека се потребни најмалку 2GB за претходниот процесор целосно да ги искористи своите можности. На плочката покрај процесорите, 16GB слободен простор и сензори како жироскоп и акцелерометар се наоѓа и NFC модул кој овоможува дел од новите функции на iPhone како Apple Pay.
Што се однесува за можностите за поправање новиот iPhone доаѓа со изненадувачки висока оцена 7 од 10. За ова пред се допринесува брзиот пристап до дисплејот и батеријата, како префрлање на дел од конекторите кој сега овозможуваат и побезбедно отворање на телефонот. Надостатоците остануваат главно исти од претходните модели специјалните штрафови кои ги користи Apple, како и несподелувањето на информации до останатите сервиси.
[youtube]65yYqoX_1As[/youtube]








