0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2013

ИТ настан: Студентите и компаниите ќе се поврзат на саемот за вработување и кариера, Job Fair 2013

Деветиот саем за вработување и кариера Job Fair 2013 годинава ќе се одржи од 22-ри до 24-ти април на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Oрганизиран од непрофитната студентска организација БЕСТ, Job Fair има за цел да ги поврзе студентите и компаниите за да им обезбеди шанса на вработување, односно наоѓање на нов кадар.

На настанот, студентите ќе имаат можност да откријат пракси, стипендии за дипломски и постдипломски студии, и да го престават своето резиме пред потенцијалните работодавачи. Компаниите кои учествуваат ќе имаат шанса за таргетирана промоција, информирање и истражување на идната работна сила во Македонија, како и за наоѓање на вистинскиот талент за вработување. Компаниите ќе одржат и презентации за споделување на искуство и совети во градењето на кариера.

Настанот е отворен за сите заинтересирани, а студентите се поканети да ги достават своите резимеа и биографи на jobfair.org.mk.

[youtube]h6ElWLdJygM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top