Хакери крадат гејминг сертификати за да креираат виртуелна валута и напаѓаат активисти

Украдени се дигитални сертификати на 35 компании кои креираат онлајн видео игри со цел да се искористат за други сајбер напади, известува Kaspersky. Нападите доаѓаат од Winnti групата, а барем засега сомневањата се дека целта е да се откријат слабости кои потоа би можеле да ги користат за креирање на виртуелната валута која потоа ќе им ја продаваат на играчите.

Дигиталните сертификати на овие компании користaт за „маскирање“ на малициознот софтвер за напади врз компании од аеро-вселенската индустрија, но и за напад врз CyWorld, најголемата друштвена мрежа во Јужна Кореа. Сертификатите со кој е нападната корејската друштвена мрежа се од компанијата YNK Japan, а истите сертификати заедно, со серификатите од MGAME, се искористени за напад врз тибетански активисти. Најголем број од компромитираните компании доаѓаат од Азија, а две се од САД. Една од нападнатите комании е и Trion Worlds којa моментално е актуелнa со серијата и ММО играта Defiance.

Според IP адресите, и со оглед дека дел од кодот е на кинески, за напад се сомничат локации во Кина. Засега нема докази дека креираниот софтвер ќе ги напаѓа компјутерите на играчите. Според Kasperski, Winnti групата е активна од 2009-та, иако вакви напади се регистрирани од 2007 година.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk