0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2013

ИТ настан: Balkan Venture Forum ги повикува регоналните стартапи да се претстават во Софија

Со цел да се забрза развојот на стартап сцената во југоисточна Европа, Balkan Venture Forum ги поканува сите регионални стартапи да се претстават пред потенцијалните инвеститори од 21 до 22 мај во Софија. Настанот е поддржан од стартап инкубаторите Betahaus, BEIC, Eleven и LAUNCHub. Можеби се сеќавате на последниов инкубатор кој им дадe 30.000 долари инвестиција на македонското независно студио Tessarect Games. Oвој македонски стартап кој започна како хоби, сега е во Бугарија и се подготвува да ја објави својата игра.

На дводневниот настан ќе бидат одбрани 36 најдобри стартапи кои ќе имаат 8-минутна можност да се појават на сцена и да ја презентираат својата идеја пред потенцијалните инвеститори, ментори и гости од целиот свет кои имаат искуство за стартување и развивање на ИТ компанија. Најдобрите стартапи ќе добијат менторство од Venture Academy, ќе бидат вклучени во мрежата на инвеститори на Europe Unlimited и ќе добијат 30.000 долари инвестиција од LAUNCHub. Еден од финалисите ќе биде избран да се презентира пред инвеститорите на Eleven Startap. Дополнително, најдобрите ќе имаат можност да се претстават на European Venture Summit во декември 2013 година.

Настанот е одлична прилика за секој локален стартап, па наместо да чекате, следете го примерот на Tesseract Games, подгответе добар план и регистрирајте се тука.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top