На овогодинешниот EXIT фестивал, покрај стандардната музичка програма и журка во EXIT селото и Петровардинската тврдина, ќе се одржи и програма за едуцирање и промовирање на стартапите. Имено, Startit и SEE ICT ќе бидат дел од промоцијата на технолошкото претприемништво.
SEE ICT ќе настапи на NVO штандот, додека на последниот дел од фестивалот во 20:30 часот на Агора бината ќе се одржи панел дискусија за статусот на стартап сцената и кои се следните чекори. Модератор на панелот ќе биде Вукашин Стојков, основач на стартапот TruckTrack, уредник на Startit и основач на SEE ICT; Бранимир Гајиќ, основач на Infostud; Милош Милисавлевиќ, основач на Strawberry Energy; Ивана Гаџански, основач на стартапот PubSonic кој им помага на научниците полесно да ги најдат информациите за матичните клетки; Дејан Рестак, советник во Министерството за Финансии и Startup Srbija и Александар Гвозден – CTO и ко-основач на стартапот CaseTrek.
На штандовите кои ќе бидат поставени над тунелот, во близина на Реге сцената, заинтересираните ќе може да се запознаат со искусните лица на тоа поле, да прашат за совет и слично. Исто така, на присутните ќе им се постави и задача со цел да се приближат со претприемачкиот начин на размислување.







