0 коментари 3 мин. читање 18 ноември, 2022

Рекорден број на посетители и натпреварувачи на A1 Game Fest 2022

На крајот на минатиот месец се одржа А1 Game Fest, а оваа недела организаторите споделија неколку интересни информации за настанот. A1 Game Fest е во организација на А1 Македонија во соработка со GG.MK. Годинава настанот се одржува петта година по ред. Со рекордни 827 натпреварувачи настанот ги надмина и најлудите очекувањата на организаторите.

На 28-ми и 29-ти октомври се одржаа финалните натпревари. Над 50.000 посетители во Skopje City Mall, и исто толку гледачи на преносот во живо имаа можност да бидат дел од ова гејмерско доживување.

Учесниците се натпреваруваа во најпопуларните компетитивни игри. Имаше простор за љубителите на DOTA 2, Call of Duty:Warzone, FIFA 23, Tekken 7, Clash Royale, па и за куп друштвени игри. Одлична вест за сите љубители на косплеј (маскирање) е дека овој натпревар имаше рекорден број на учесници, многу дебитанти и супер интересни маски.

https://www.facebook.com/a1gamefest/photos/pcb.1094235327953688/1094218757955345/

А1 Македонија го искористи настанот и за промоција на некои од своите услуги како 5G мрежата и оптичкиот интернет кој се користеа за некои од игрите или за пренос на стримот.

За прв пат натпреварувачите преку 5G мрежата на А1 докажуваа кој е најбрз во Reality Awakens – трка со RC колички во живо во центарот на Скопје. Со автомобилчињата беа извозени над 50 km.

Финалните денови на А1 Game Fest беа проследени со коментатори за секоја игра поединечно, со 20 часовен стриминг во живо на каналот GG.МК. За стримот беа потрошени повеќе од 10 терабајти. Од настан во живо пренесуваа 4 од најактивните стимери од македонската гејминг заедница.

Програмата на A1 Game Fest секако имаше и натпреварувачки дел, а најдобрите добија награди од партнерите на настанот. Награди и изненадувања имаше и за посетителите. Поддршка на настанот беа и Coca-Cola, Квики на Подравка, Redragon, Xiaomi и Insomnia.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top