Иако во светот има околу 1,5 милијарди паметни телефони, сепак кога станува збор за купување преку интернет, таблет компјутерите се прв избор на корисниците, покажува анализата на Adobe и eMarketer.
Во 2013 година, oколу 15 отсто од продажбите преку интернет ќе бидат преку преносни уреди. Од ова околу 65 отсто отпаѓа на таблет компјутерите, а 35 отсто на паметните телефони. Emarketer очекува јазот помеѓу уредите во иднина уште повеќе да се продлабочи и таблет компјутерите да бидат уште подоминантни.
Можеби оваа положба на таблет компјутерите не треба да изненадува со оглед на тоа дека се повеќе ги истиснуваат десктоп и лаптоп компјутерите, а телефоните традиционално не се користат за купување. IDC предвидува дека во 2013 година продадените таблет комјутери ќе ги надминат лаптоп компјутери на годишно ниво, а до 2015 година бројот на продадени таблет комјутери ќе биде поголем од бројот на продадени десктоп компјутери.