0 коментари 1 мин. читање

Пребаруваjте низ YouTube на македонски и албански јазик

YouTube овозможи прегледи и пребарување на нови 15 јазици, меѓу кои се македонскиот и албанскиот. Ова значи дека отсега корисниците ќе можат да ги преведат линковите и командните копчиња на македонски и албански. Со ова на листата на подржани јазици сега е 76, а последната надградба ги вклучи: албанскиот, азербејџанскиот, ерменскиот, грузискиот, казакстанскиот, кмерскиот, киргистанскиот, лаоскиот, македонскиот, монголскиот, мјанмарскот, непалскиот, пунџаби јазикот, синхалискиот и узбекистанскиот јазик.

Доколку сакате да го промените јазикот на YоuTube треба да се логирате на сервисот, да се спуштите најдолу на страната и од листата јазици, која е до избор на држава да го одберете јазикот. Преводот на сервисот доаѓа скоро една година откако YouTube беше локализиран за македонската публика, односно започна на почетната страна да прикажува содржини кои се популарни во земјава.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top