1 коментар 2 мин. читање 16 март, 2015

ИТ настан: Прв меѓународен Drupal Camp во Македонија

Што е Drupal? И колку е добар како платформа за управување на содржини? Овие прашања ќе бидат одговорени на првиот меѓународен Drupal Camp кој ќе се одржи во Скопје, од 2 до 3 мај на Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг (ФИНКИ). На кампот, македонските инженери и ентузијасти ќе имаат единствена прилика да научат нешто повеќе за можностите кои ги нуди овој моќен систем за управување со содржина, како и да отворат соработка со колегите од целиот регион.

Дводневиот настан е организиран од Drupal Community Macedonia и фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, кои велат дека веќе постои критична маса за организирање на ваков настан. Во меѓувреме контакт на техничко ниво е воспоставен со програмерите од земјава кои веќе ја користат Drupal платформата и кои постепено почнаа да ја развиваат заедницата во Македонија.

На кампот ќе има интерсни содржини презентирани од локални и странски говорници. Презентациите ќе бидат за искусните програмери да се запознаат со Drupal, но ќе има и содржина за почетниците да се запознаат со програмирање и со основите на Drupal, кој е CMS платформа за менаџирање и објавуваењ на содржина.

Отворен е и повик за говорници. Сите заинтересирани што сакаат да одржат свое предавање или да презентираат сопствено Drupal решение, може да се пријават на следниот линк.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Slobodan
Slobodan
11 years ago

kaj najdoa bas 2 i 3 maj :S

Мени
Заедница
Изглед
To top