Шпанија има најбрза 4G/LTE мрежа, Jужна Кореја најголемата покриеност, а Македонија ја нема на листата

Последната State of the LTE анализa на мобилниот интернет, направенa од OpenSignal, покажува дека Шпанија ја има најбрзата LTE мрежа, a Јужна Кореа ја има најдобрата покриеност. За жал Македонија ја нема во истражувањето, но OpenSignal има алатки со кои може да се анализира земјата.

Истражувањето е направено благодрение на 6 милиони доброволци кој ја преземаа апликацијата на своите уреди. Анализата е за периодот од ноември 2014 година до јануари 2015 година. Иако најбрзата мрежа е на Vodafone ES, сепак нивната покриеност не е импресивна. LG U+ во Јужна Кореа овозможува импресивни 99 отсто покриеност. Брзината на перземање податоци преку Vodafone ES достигнува 18 Mbps, а по Шпанија следат Данска, Финска, и Јужна Кореа сo 17 Mbps. Најлоша покриеност е на британската мрежа 3 UK, а најбавна мрежа е CricKet од САД.

Дел од државите и мрежите не се најдоа на листата пред се поради недоволни или непотполни податоци. Меѓу нив е и Македонија, која иако не се појави на оваа листа, OpenSignal овозможува споредба на локалните мрежи. Според нивните податоци најдобра покриеност има мрежата на T-Mobile MK, по што следат Vip MK и ONE. Според овие податоци, најдобра покриеност има во Скопје со 63 отсто, што е подобра просечна покриеност од остатокот на Македонија, и 61 отсто подобра покриеност од остатокот на светот. За потсетување 4G мрежата е достапна за македонските корисници од летото 2014-та, кога беше пуштена првин во тест фаза за неколку месеци, за потоа да се најде како услуга која операторите ја продаваат. Оваа брза мобилна мрежа сепак е новост во Македонија, но е неизбежна, технологијата оди натаму. Тоа што ќе биде интересно да видиме е како ќе се променат овие резултати по креирањето на најавениот заеднички ентитет на Vip и One.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk