0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Прв DIGIT курс за графика и дизајн за студентите на УКИМ

DIGIT стои за Design and Interactive Graphics in IT, и е курс организиран од Студентскиот парламент на Факултеотот за информатички науки и компјутерско инженерство и Seavus, на кој се поканети сите студенти на УКИМ, но само 60-тина ќе бидат изберени да учествуваат на наставата која ќе трае од 25-ти до 30-ти ноември. Настанот е бесплатен, но студентите ќе мора да уплатат пари кои ќе им бидат вратени по 90 отсто од учеството во настанот.

Ова е прв DIGIT настан, но Студентскито парламент на ФИНКИ цели да го претвори во традицонален настан, поддржан од домашни и странски предавачи. Секако, да биде настанот поинтересен, тимовите ќе можат да се натпреваруваат за награди, а сите студенти кои ќе учествуваат ќе добијат и дополнителни студентски кредити. Тука може да аплицирате за учество. Имате рок до 20-ти ноември.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top