Оддржана пo втор пат, конференцијата за интернет маркетинг AllWeb MK повторно ја наполни салата на City Hall со блогери, огласувачи, маркетинг консултанти и друштвени гуруа, подготвени да слушаат за успешните интернет приказни и новите идеи како „native marketing“. Како и претходното издание, кое помина исто толку успешно, и во петокот имаше оптимизам од говорниците и ентузијазам од гостите дека еве и македонската маркетинг сцена конечно е подготвена за новите идеи кои ќе го оправат летаргичниот интернет маркетинг и онлајн огласувањето. Но, тој предизвик бара ангажираност кај сите актери на маркетинг сцената, вели Дарко Булдиоски, основач на New Media MK и организатор на AllWeb MK.
„Досега нашиот пазар не се покажал како лесно променлив и динамичен. Се надевам дека ќе се охрабрат актерите да размислуваат почесто на нови работи и ќе бидат поупорни во нудењето нови модели. Нашата задача е тоа да го поттикнеме на повеќе начини и кај сите можни играчи зошто за да има прогрес не е доволно само сајтовите или само огласувачите да сакаат нешто. Мора да се развива пазарот во сите сегменти“.
Конференцијата стартуваше со темата „Integrate or fail” која ја отвори Крешимир Доминик од хрватската Abrakadabra кој зборуваше за како една компанија мора да се фокусира на Facebook не како бесплатна платформа за промовирање на содржина, туку како платформа каде мора да се инвестира за да се стигне до таргетираната група. Но, за да се разбере тоа мора да се промени менталитетот на целата компанија од менаџерите до нивните вработени. Менаџерот на Cedevita, Рената Мешторовиќ, додаде дека често за да ги привлечете корисниците мора да им подарите нешто бесплатно. Cedevita беше хит на AllWeb MK бидејќи делеше сокови на посетителите, па секој со чаша во рака го промовираше пијалокот фалејќи се на Twitter. Г-ѓа. Мешторовиќ зборуваше и за нивната кампања во Србија каде го промовираа напитокот како забавен напиток. Василије Чорлука од Publicis Groupe зборуваше за промоцијата на 3G услугите на Т-Mobile преку „Сашко веб шоу“ кампањата која им донесе на T-Mobile 53 отсто зголемен број на корисници. Кампањата е прогласена за најдобра на Deutsche Teleкom групацијата.
#allwebmk Старите правила на ПР не функционираа повеќе – социјални медиуми, маркетинг, настани…се во едно.
— Ilina Bakev (@ilinan) November 15, 2013
To increase your FB fan base significantly you have to use apps and sponsored ads accompanied by in-store promotions #allwebmk @KresoD
— Hristina Dojčinova (@hdojcinova) November 15, 2013
#онакога ќе си најдеш #CedevitaGO во торбата на #allwebmk баш кога си жеден!
— Госпоѓа Федерер (@epetrovska) November 15, 2013
Од кампањата на Publicis Group за @TMobileMK постигнати се 136000 Youtube прегледи и 53% зголемен бројот на корисници на T-Mobile. #allwebmk
— AllWeb (@AllWebMK) November 15, 2013
Втората тема „Content and more…“ ja oтвори Драган Варагиќ од српската Internet Group кој зборуваше за native advertising и influence marketing што на кратко значи симулација на корисниците да креираат содржини кои објективно ќе го рецензираат продуктот. Тој го потенцираше значењето на Интернетот за бизнисите, посебно значењето на блогерите и рецезентите кои имаат влијание поради долгогодишното онлајн присуство, и кои можат лесно да ја усмерат публиката кон прифаќање или одбивање на продуктите. Но, таа наклоност на блогерите компаниите мора да ја заработат со позитивна интеракција и транспарентни кампањи. Санда Замијан од PressClipping зборуваше за важноста да се следат друштвените мрежи во реално време за да може компанијата правилно да реагира во своите кампањи, како за негативните коментари така и за позитивните кои можат да ја зголемат популарноста на брендот.
По нив двајца следеше панел на кој се дискутираше за содржината која ја споделуваат брендовите на своите блогови и друштвени профили. Крајниот заклучок од дискусијата е дека содржината мора да биде искрена, но и да биде наменета за вистинската таргет група. Но, брендовите треба да слушаат внимателно, и наместо само Facebook демографија ќе треба да се ангажираат да ги откријат својата публика.
Coca-Cola System pokreće akciju povećanja kapaciteta oglašavanja na blogovima u regionu – http://t.co/WtJHtpC5FE #allwebmk
— Boris Kuzmanov (@kuzman0v) November 15, 2013
The average number of sources of content consumed by a shopper in a purchase doubled from 2011 to 2013. #AllWebMK
— Berrin Abazi (@berrintw) November 15, 2013
86% од влијателните на друштвените мрежи имаат свои блогови @varagic #allwebmk
— Hristina Dojčinova (@hdojcinova) November 15, 2013
"U laži su kratke noge, a na internetu su još kraće." – @varagic #AllWebMk
— Vladimir Vulic (@vulicvladimir) November 15, 2013
Третата тема „Social > Media” беше отворена од Владимир Вулиќ од Digitalizuj.me кој зборуваше за правилата на користење на друштвените медиуми, и дека брендовите мора да се прилагодат на тие правила, да не бидат носталгични и да се променат бидејќи денес „двете девојки кои купуваат продукт, не се само две девојки, тие со друштвените мрежи стануваат 3.000 луѓе“. По него следеше презентација на локалното Facebook истражување од Никола Спасов од Агенција Рејтинг. Статистиката го потврди тоа што до сега го знаевме – Македонија е „Facebook нација“. Но, тоа што не го знаевме е декa 3 часа на Facebook е всушност глобален просек. Следеше панел дискусија за креирање и одржување на стратегија за друштвени мрежи на која всушност се зборуваше дека такво нешто не постои, и дека брендовите треба постојано да се активни и да ја слушаат публиката за да можат да ја оддржуваат комуникацијата.
"Nostalgia isn't a business model" @vulicvladimir #allwebmk
— Petra Taseva (@pifpufpaf) November 15, 2013
#allwebmk sekoj novovraboten potrebno e da e pokvalifikuvan I poefikasen od momentalniot standarden ucinok vo toj oddel na organizacita
— Pece Angelkovski (@_mrangels) November 15, 2013
3 главни причини за користење Фејсбук - одржување контакт – 63,1% - следење информации од мој интерес – 47,4% - за забава – 33,6% #allwebmk
— AllWeb (@AllWebMK) November 15, 2013
"There's no such thing as a #SocialMedia strategy. You don't have a #strategy for your friends." – @anadzi #AllWebMk
— Vladimir Vulic (@vulicvladimir) November 15, 2013
AllWeb MK беше успешна конференција ако зборуваме за организацијата, за квалитетот на говорниците, за интересните презентации и активната публика – иако најгласна само на Twitter, а срамежлива да постави прашање во живо. Но, што се однесува до искористување на новите концепти во интернет маркетингот во Македонија, ќе мора да почекаме да ги споредиме резултатите на следниот AllWeb.
„Технички и содржински сме комплетно задоволни од настанот. Секако видовме простор каде може и треба да се напредува што е корисно за да бидеме и понатаму максимално фокусирани следната година“, вели Дарко Булдиоски.