0 коментари 2 мин. читање 19 ноември, 2013

Вредноста на Bitcoin расне; сега е на 645 долари

Минатата недела дигиталната валута Bitcoin ја достигна највисоката вредност во историја од 400 долари, а веќе оваа недела ја надмина границата од 600 долари и сега еден биткоин чини неверојатни 645 долари, јавува Techcrunch.

Вртоглавиот пораст на дигиталните монети се должи на се поголемата застапеност во медиумите, но и се поголемото прифаќање и можноста за купување на се повеќе места со нив. Покрај ова цената расне и поради големиот интерес и релативно малиот број на монети на пазарот и оптимизмот за уште поголем пораст. Претходните две нивни амплитуди на берзата завршија со подеднакво вртоглаво паѓање по што цената на монетите се стабилизира.

„Виртуелните валути, прет се Bitcoin ја зафатија имагинацијата на некои, влејаа страв кај други и збунуваат огромен дел од нас.“ вели Сенаторот Томас Карпер на отворањето на Комисијата за Безбедност и размена во Американскиот конгрес. Комисијата во следниот период ќе ги разгледува „можностите и ризиците“ кои ги носи дигиталната валута, известува BBC.

Најголема опасност за инвеститорите во моментов е регулацијата на биткоин со што валутата ќе се де-анонимизира и со тоа би паднал и интересот.

[youtube]Um63OQz3bjo[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top