Во продавницата за друштвени игри Гоблин на 26.09 (четврток) во 17 часот, за прв пат ќе се одржи презентација на минијатури од Warhammer 40.000. Колекционерите ќе ги презентираат своите човечиња, орки, ангели и демони кои се поврзани со воената игра креирана од Games Workshop во 1987 година, и подоцна адаптирана во видео игра. Настанот е отворен за сите љубители на стратегии, независно дали се видео игри или игри на табла. Гоблин се наоѓа во ТЦ Буњаковец, Скопје.
Дејството на играта е сместено во 40-тиот милениум, oбјаснува Centrala.mk, каде човештвото се соочува со хаосот, демони и вонземјани, поделени во повеќе раси и фракции како Orks, Eldar, Imperium of Man, Chaos Deamons, The Warp и други уникатни раси. На почетокот на играта, играчите ја одредуваат војската од минијатурни фигури; правилата на играта кои можат да бидат освојување територија или комплетна анихилација на противничката армија; создаваат бојно поле и потоа се надмудруваат во неколку кругови според правилата на Warhammer 40.000. Но, Warhammer е повеќе од само игра, вели Centrala.mk, туку е повеќедимензионална забава бидејќи бара креативност во склопување на уникатните минијатури.

Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.