За сите кои сакаат да копаат по суровите податоци, и да научат повеќе за нивната употреба и како тие полека го менуваат светот, Метаморфозис организира бесплатна обука во рамки во рамки на Академијата за податоци на 18-ти и 19-ти март оваа година, во ГЕМ клубот во Скопје.
Тренингот ќе го водат Дона Џамбаска, како последен стипендист на програмата School of Data на Open Knowledge Foundation, заедно со Тин Гебер од The Engine Room. Преку практични вежби кандидатите имаат шанса да го проучат целиот процес од употребата на податоци и како тие ќе помогнат во реализирање на замислен проект. Дел од учесниците ќе продолжат со реализација на проект на хакатон кој ќе се случи во мај во Сараево, Босна за време на конференцијата Point 3.0.
Рокот за пријавување е најдоцна до 12-ти март. За пријавување на обуката пополнете го прашалникот на следниот линк.







