0 коментари 1 мин. читање

Анализирајте го вашиот компјутер со SiSoftware Sandra Lite

Не е потребно никакво запознавање на ветераните со SiSoftware Sandra Lite. Повеќе од две децении, оваа софтверска алатка го дијагностицира вашиот систем и нуди детални извештаи за вашиот хардвер и софтвер.

Точно е дека постојат неколку пакети на SiSoftware Sandra кои чинат исклучително многу пари (најевтината верзија е 70 долари), но поголемиот број корисници ќе бидат сосема задоволни од бесплатната Lite верзија. Со неа, можете да започнувате различни benchmarks, да видете што има под хаубата на вашиот компјутер, како и да дознаете каков софтвер ги користи таквите ресурси.

Бесплатната верзија може да се покрене на индивидуални компјутери или преку мрежа. Севкупното искуство нема да ви биде загрозено од наметливи реклами, а на располагање имате и екстра алатки за вршење дополнителни тестирања.

Најновата верзија на SiSoftware Sandra Lite се одликува со benchmarks за вештачка интелигенција и машинско учење, како и за тестирање на перформасите на вашиот DNS сервер.

Истестирајте го вашиот компјутер со SiSoftware Sandra Lite 2020 ...
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top