Quickart e релативно нова iOS апликација која доаѓа од тимот кој одамна се докажа со апликации како Facetune и Enlight Photofox. Quickart има една единствена цел: Да проба од обична и превенствено невпечатлива фотографија набрзинка да направи нешто што наликува на уметничко дело. Резултатите би можеле да ве изненадат.
На секоја фотографија можете да наметнувате најразлични уметнички и кул стилови, да правите колажи, да вметнувате апстрактни позадини и многу повеќе. Можете без проблем бесплатно да ја проверите апликацијата. На располагање имате најразлични ефекти чија листа постојано се надополнува. Но, ова е апликација која е замислена да се користи со претплата и зад тој платежен ѕид од шест долари месечно се кријат најдобрите потенцијали на Quickart.