Fortnite веќе го има Unreal Engine 5, но ја чекаме играта која во целост ќе ги искористи можностите

во Вести

По Matrix Awakens сите со нетрпение ја чекаме првата видеоигра која доаѓа на новиот Unreal Engine 5. Сепак помалку заборавивме дека таа веќе е достапна и Unreal Engine 5 веќе може да го видиме во можеби најпопуларната игра во моментов – Fortnite. Причината што забораваме веројатно е едноставна, а таа е дека она што го гледаме на демото е речиси филм, а тоа секако не она што го гледаме во Fortnite. Eнџинот на играта e заменет на почетокот на декември, и актуелната верзија на Fortnite Chapter 3 доаѓа на Unreal Engine 5.

Fortnite е една најпопуларните видеоигри во моментов. Бесплатноста, и тоа што играта може да се игра на сите платформи ја прават Fortnite супер-популарна, а играчите од различни платформи може да играат заедно. Epic одлично го погоди тајмингот за Battle Royal игра во период кога жанрот беше популарен, но и Fortnite дополнително придонесе во популаризирањето.

Секако за една игра да се игра толку долго мора да има и постојани надградби и надополнувања, без разлика дали ќе биде целосен редизајн или мали надградби како подобри оружја. Дополнително клучна за популарноста е и едноставноста на играта. Дел од популарноста Fortnite и ја должи и на содржина која се споделува на друштвените мрежи и платформи, но и на јавни личности и стримери кои се љубители на играта.

Иако играта е бесплатна, играчите можат да потрошат пари на козметика. Покрај костимите кои ги има во изобилство и се супер актуелни (дел од костимите се скинови од популарни филмови), може да се купат различни скинови за оружја (wrap) и гестикулации (emotes).

Последната надградба на играта доаѓа со нова мапа, нова механика на лизгање, временски услови, и нова физика за дрвјата. Некои од овие функционалности доаѓаат токму благодарение на новиот енџин на играта Unreal Engine 5.

Дел од функционалностите кои доаѓаат во оваа верзија на играта како молњи, торнадо и слична промена на околината се директно овозможени од надградбата. Засега единствена надградба која е забележлива во играта од аспект на физиката во играта е сечењето на специјални (различни од обичните) дрвја. Овие дрвја не само што на играчите им ги даваат потребните ресурси туку може и да се користат како оружје. Може да се срушат врз засолништата, па дури може да се користат за напад на другите играчи или за патување по вода. Останатите работи кои ги споменавме се најавени, но ќе бидат имплементирани подоцна.

Графички играта е слична како и досега, или барем е доволно слична, па ако не ја играте редовно нема да забележите.

Секако кога ќе се спомне Unreal Engine 5 помислуваме на графиката која ја видовме на демото и во поново време на Matrix Awakens, Stalker 2: Heart of Chernobyl, новата Bioshock игра, или Hellblade II. За ова ќе треба да почекаме барем до крајот на 2022 за кога е најавено дека е најрана дата за излегување на Senua’s Saga: Hellblade II или до април кога излегува Stalker 2.

Hellblade 2

Оваа авантура е продолжение на Senua’s Sacrifice – една од најдобрите игри кои излегоа во 2017. Вториот дел засега е без дата на излегување, но би можела да биде претставена пред крајот на 2022 година.

Echoes of the End

Echoes of the End акциона авантура од Myrkur Games. Според најавата играта ќе биде достапна на Xbox Series X, Series S, Windows и PlayStation 5. Засега нема најава за точната дата на излегување на играта.

Black Myth: Wukong

Black Myth: Wukong е уште една акциона-авантура која овој пат доаѓа од кинескиот девелопер Game Science. Засега нема прецизна дата за излегување, но според најавата ќе биде во 2023 година.

STALKER 2: Heart of Chernobyl

Оваа игра ја очекуваат сите љубители на шутери кои и од претходно се запознаени со игрите во овој серијал. Од споменатите игри Hearth of Chernobyl е првата која излегува. Видеоиграта ќе може да ја играме од 28 април 2022.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments