Слобода и приватност на интернет. Oва е темата на меѓународната конференција која ќе се одржи на 21 и 22 мај, организирана од фондациајта Метаморфозис и Инстититот за човекови права и мир од Каен.
Првиот ден од конференцијата, која е отворена за јавноста, но треба да се пријавите за да учестувате, ќе биде посветен на приватноста на интернет. Ќе се дискутира за институционалната рамка на приватноста во ЕУ и во Балканот, приватноста во медиумите, децата на интернет и бизнис секторот.
Вториот ден е посветен на слободата на изразување на интернет, која ќе опфати дискусија за цензура на медиумите, како државата се справува со медиумите, говорот на омраза кој е сеприсутен на Веб, и секако, друштвените медиуми.
Агендата на настанот ќе ја најдете тука.







