МВР ја претстави својата „Пази радар“ апликација за Android и iPhone

31 коментари 2 мин. читање

МВР реши да ги искористи новите технологии за да ја подобри безбедноста во сообраќајот, и да ги информира возачите за радарските точки низ државата со импликација апликација за Android и iPhone.

„Пази радар“ ќе ги прикажува сите радарски точки во земјата со цел, како што вели министерката Гордана Јанкуловска, не да казнуваат, туку превентивно да дејствуваат и да ја подигнат свеста за безбедноста.

„На граѓаните им нудиме едно автоматско известување за поставените радари што значи дека тие благовремено ќе бидат предупредени да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа не само што ќе ги избегнат евентуалните казни, туку ќе се спречи и можноста за возење со брзина над дозволеното“.

Апликацијата сè уште не е објавена на Android Market и на Apple App Store. Но, креаторите, студиото за апликации Web Factory ни рекоа дека ќе биде закачена на соодветните пазари за некој ден.

„Пази Радар“ користи GPS да ја одреди локацијата на корисниците и сите можни блиски радарски точки кои ќе бидат означени во три бои: црвена кога возачот е блиску на 100 метри, жолта кога е на 250 метри и зелена боја кога е на 400 метри. Има опција самите корисници да наместат на колку метри или километри да добијат известување за радарот. Секако, за да функционира целиот систем e потребно возачот да има вклучено мобилен интернет и да користи Android или iPhone уред.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

31 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top