1 коментар 1 мин. читање

Angry Birds е симната 1 милијарда пати

По само две години од стартувањето и Angry Birds е симната една милијарда пати. Скоро и да нема корисник на паметен телефони или на Facebook кој не ја знае играта, и кој нема одиграно барем едно ниво.

Играта е неверојатно заразна. Сега уште повеќе откако беше стартувано второто продолжение во кое гневните птици ги тепаат свињите во Вселената.

Токму поради популарноста на играта, не е воопшто чудно што стана хит, ниту што е симната една милијарда пати на сите платформи. Но, сепак е неверојатно достигнување бидејќи е првата мобилна игра која го прави тоа, првата која ја искористува глобализацијата на паметните телефони, и една од најпрофитните игри во историјата.

[youtube]tdTZOFeWiTI[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top