ИТ настан: Еarly Bird билетите за Startup Weekend Skopje се пуштени

во ИТ.МК, Совети

Стартапи, претприемачи и креативци!, пуштени се во продажба билетите за четвртиот Startup Weekend Skopje, глобален настан кој е всушност 54-часовен маратон за креаирање на интересни сервиси, реализација на идеи, учење за бизнис модели, дружење со други претприемачи, и на крај презентација на проектот пред потенцијални инвеститори. Лани настанот беше фантастичен, но организаторите ветуваат дека овој Startup Weekend „ќе биде многу поинтересен и ќе се потрудиме да ги надминеме очекувањата и импресиите“.

Startup Weekend прв пат беше организиран од Андју Хајд во Колорадо, САД, како настан каде се добива практично знаење преку креирање на корисни сервиси. Денес, овој настан се случува низ 480 градови ширум светот, вклучувајќи го и Скопје, каде ќе се оддржи по четврти пат.

Настанот во Скопје, организиран од волонтери кои имаат искуство со стартапи, започнува во петок на 8-ми мај кога, преку едно-минутни презентации, сите учесници ќе ја споделат идејата за стартап и ќе ги склопат тимовите. Преку викенд тимовите ќе работат со ментори за да го развијат бизнисот и да ја реализираат идејата. Најавени се куп ментори, иако во овој момент знаеме само за ментори од RSG Capital, Tourvia.me, Spark.me и Deskpark.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk