Истражувачи од англискиот Универзитет на Суреј успеа со 5G да постигне рекордна брзина додека ги тестирале податочните врски, јави BBC. Брзината која успеа да ја постигнат е 1 терабит во секунда што е илјадници пати побрзо од сегашната брзина! Пред премногу да се возбудите, технологијата е во рана фаза и ќе биде готова за претставување до 2018 година. Првите замени на мрежите би можеле да се случат веќе во 2020 година за кога BBC го најавува влезот на 5G во Британија.
Постигнатата брзина од 1 терабит во секунда е 65.000 пати од моменталната просечна на 4G, па дури и максималната од 7,5 Gbps, која ја достигна Samsung на своите тестирања, е помала од 1 отсто во споредба со брзината која е постигната на овие тестови. „Развивме 10 револуционерни технологии и едната од нив овозможува надминување на брзината од 1Tbps. Ова е капацитет на оптика, но ние ова го правиме бежично“, вели професорот Рахим Тафазоли, директор на 5GIC.
На нова „5G“ технологија работат и лаборатории од Јужна Кореа и Јапонија кои сè уште не излего со своите решениjа. Сепак без сомневање ќе биде клучно како новата технологија ќе се имплементира надвор од лаботориите, во реалноста. Новата технологија ќе биде во спектар од 6GHz и ќе треба да овозможи широк дијапазон на услуги од холографски видеоигри до финансиско тргување и поважно 5G треба да биде решение кое ќе трае следните 20 години, додава г.Тафазоли.