0 коментари 1 мин. читање 2 март, 2015

Facebook ќе спречува самоубиства со помош на пријателите

Facebook започнува со нова функционалност на својaта мрежа, корисниците кои ќе забележат промени во однесувањето на своите пријатели кои можеби укажуваат на самоубиствени намери, ќе можат да го пријават ова однесување на друштвената мрежа.

По добивање на известувањето стаусите ќе бидат разгледани од експерти, кои доколку постои основано сомневање ќе го контактираат пријателот и ќе му понудат помош. „Вашите пријатели сметаат дека поминувате низ тежок период и побара од нас да да ги разгледаме вашите неодамнешни објави.“ е пораката која пристига единствено до пријателот, јави Mashable.

„Една од работите кои навистина помага е зголемената социјална поврзаност. Тоа се обидуваме да го направиме, да им помогнеме на луѓето да се поврзат“, вели Роб Бојл продукт менаџер на Facebook.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}