0 коментари 2 мин. читање 21 март, 2013

ИТ настан: Дводневен NASA Space App Challenge и во Скопје

Подгответе се за 36 часа на креативно размилување, споделување на знаење, брејнсторминг и развивање со студенти, инжинери, професори и научници од разни индустрии! Од 20 до 21 април во Скопје, поточно во Едукативниот центар на Seavus, ќе се оддржи Space App Challenge на NASA.

Овој дводневен интернационален хакатон се одржува во 75 градови ширум светот, и има за цел да се креираат софтверски проекти со отворен код за потребите на животот на Земјата и истражувањата во Вселената. Покрај креирање на слободен софтвер и хардвер, и изнаоѓање на креативни решенија за визуализација на податоци, NASA преку хакатонот сака да најде решение за листата на предизвици кои може да ги видите тука. Што се однесува до настанот во Скопје, учесниците ќе можат да работат и на локални решенија.

„На настанот кој ќе се одржи во Скопје ќе се фокусираме на одредени предизвици кои можат да им одговорат на локалните како и на глобалните потреби.“, вели Seavus кои се локални партнери на NASA за овој проект.

Nasa Space App Challenge е дел од иницијативата Open Government Partnership која стреми кон транспарентно и колаборативна решавање на проблеми со отворено вклучување на влади и граѓаните. Околу 52 земји се приклучени кон оваа иницијатива.

[youtube]RBUd0aKPsWc[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top