3 коментари 2 мин. читање 21 март, 2013

Канаѓанец ја продава својата куќа во замена за електронската валута Bitcoin

Тејлор Мур од Канада ја понуди својата куќа во Алберта на продажба за околу 400.000 долари. Но, ова не би било воопшто вест доколку тој не побара целата или дел од сумата да му биде исплатена во Bitcoins.

Bitcoins се децентрализирана електронска валута што ќе овозможи испраќање пари од било каде до било каде без ограничувања или национални граници. Се проценува дека во моментов циркулираат околку 700 милиони bitcoins, a нивната цена е околу 65 долари или околу 3.100 денари. Овие електронски монети може да се споделуваат преку компјутери и фајлови или сајтови кои функционираат како паричници без помош од финансиска институција.

Г. Мур не би одбил ни 400.000 долаи, но ако дел од оваа сума е исплатен во bitcoins, тој е подготвен да ја намали цената во зависност од тоа колку ќе му бидат понудени.  Проектите за кој му треба оваа електронска валута имаат за цел да ги направат bitcoins „попопуларни и поприфатливи“, изјавува тој за BBC.

 „Многуе тешко да дојдете до големи количества на bitcoins, имам неколку проекти кои сакам да ги започнам, а за нив ми требаат многу.”, вели Тејлор Мур.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Киро Велковски
Киро Велковски
13 years ago

Биткоин е име а имињата не се преведуваат

Виктор Дано
13 years ago

Не мачеше името, па се обидовме да го преведеме со цел да биде појасно. Но, се чини дека најдобро е да стои како што е затоа што збунува. Фала за забелешката. Променето е. :)

Мени
Заедница
Изглед
To top