ИТ настан: Докажи се во програмирање, па фали се на осмото финале на CodeFu

Осмото по ред финале на натпреварот во програмирање, CodeFu, ќе се одржи овој викенд, во недела, 01 јуни 2014 година, во City Hall центарот во Скопје. CodeFu е натпревар во програмирање наменет за студенти, апсолвенти и постдипломци. Главниот натпревар се состои од две квалификациски онлајн рунди и една финална рунда. Најдобрите 32-ца натпреварувачи во севкупен пласман од двете квалификациски рунди ќе се натпреваруваат во финалната рунда.

Финалната рунда се состои од решавање на пет алгоритамски задачи за време од три часа. Најдобрите тројца натпреварувачи, покрај правото да се фалат дека се најдобрите програмери во Македонија, освојуваат и влезница за меѓународната конференција Jazoon 2014 која се одржува во Цирих, Швајцарија. Сите трошоци (влезница, пат, сместување и др.) за најдобрите тројца натпреварувачи се покриени од организаторот на натпреварот.

Во текот на годината, покрај главниот CodeFu натпревар, се одржуваат и четири сезонски натпревари, community натпревари во кои проблемите ги поставува еден од учесниците на CodeFu, како и shortest solution натпревар во кој се бара најкратко решение за проблемите од претходниот натпревар. Календарот на сите натпревари е објавен на веб сајтот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments