Месечината сега е Wi-Fi хотспот зона

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Бежичниот широкопојасен интернет може да стигне до Месечината и можеби дури и до Марс, покажува експериментот на истражувачи од NASA и MIT, пренесува Wired. Сепак креирањето на линк до Месечината не е едноставен потфат, потребни се дури четири телескопи од Њу Мексико за да креираат линк до приемник закачен на сателит кој лебди во месечевата орбита. Секој од телескопите е со дијаметар од петнаесеттина сантиметри и со помош на ласер ги испраќа сигналите. Четирите телескопи всушност ја зголемуваат веројатноста пораката да пристигне до приемникот. При патувањето на светлината низ атмосферата се прекршува и расејува, бидејќи четирите телескопи го испраќаат сигналот по различна линија се зголемува веројатноста еден од сигналите да стигне на посакуваната локација.

Растојанието на кое е извршен трансферот е 384.633 километри, со брзина кон месечината 19.44 Mbps и брзина при симнување од месечината до 622 Mbps. Интересно според овие бројки македонските граѓани би имале подобар интернет доколку се преселат на Месечината бидејќи според Netindex просечната брзина во Македонија е 12.24 Mbps. Тимот зад успешниот експеримент ќе ги објави резултатите и откритијата на CLEO конференцијата на 9 јуни.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk