Ново истражување на JOIN for ME покажува дека видеоигрите можат да го подобрат здравјето на децата и да ја намалат прекумерната тежина. Сепак игрите на кои е базирано истражувањето ги држат децата физички активни бидејќи се играат со контролерот на Microsoft, Kinect.
Истражувачите на една од групите деца на возраст од 8 до 12 години и поделиле Xbox 360 конзоли со Kinect и една активна игра. Двете групи потоа ги добиле истите упатства за вежбање, без посебно упатство за користење на конзолата како средство за вежба. По 16 недели, резултатите на истражувањето покажуваат дека сите деца и оние кои користеле Xbox 360 и Kinect и другите, поминуваат дневно во просек 7,5 минути подолго во умерени до енергични активности повеќе. Интересно е што децата кои играле/вежбале на конзолите изгубиле двојно повеќе тежина.
Истражувачите се надеваат дека популарноста на видеоигрите ќе помогнат да се намали проблемот со прекумерната тежина кај децата. Во САД 17 отсто од децата и адолесцентите имаат проблеми со прекумерна тежина, што е трикратно повеќе од пред 30 години. Можеби одговорот на 12 годишната Равин Хил ги објаснува најдобро предностите на вежбање играјќи видеоигри. „Порано мислев дека вежбањето е здодевно, но кога играм игри на Xbox, не мислам на ова како на вежбање, а сепак е добро за моето здравје“