ИТ настан: Дискусија и деконструкција на сите игри што беа најавени на Е3

Најголемиот саем за видеоигри E3 донесе куп новини, некои вредни за фалење, неколку забавни тизери за идни игри, некои вести што само вистински фанбој ќе ги разбере, а некои толку глупави кои вредат да се седне на мезе во Убац, Скопје, и да се хејтаат. Сите гејмери и креатори на игри се поканети утре, петок 14-ти јуни, да дојдат на „Деконструкција на E3 GameDev митап“ за да отворат дискусии за тоа што беше добро, а што не на овогодинешниот саем. Но, бидете подготвени да си го одбраните мислењето. Организаторот на настаните се Петар Котевски од Kamai Media, Даниела Спасовска од Македонската асоцијација за развивање на игри (МАГДА) и Румена Најчевска, артистот зад Bounden на Game Oven.

„На настанот ќе разговараме за некои од игрите најавени на Е3 за кои сме возбудени, и некои за кои имаме конкретна поплака или замерка. Доколку имате некакво мислење, позитивно или негативно, што би сакале да го споделите со публика генерално составена од гејминг нердови, донесете си видео за да може видиме што е работата. И бидете подготвени да си ја одбраните критиката!“, вели Петар.

[youtube]Eg7OH9h1o_8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk