Интернет корисниците се плашат од онлајн шопинг

во ИТ.МК

Само 20 отсто од испитаните во нашата анкетата купуваат работи од онлајн продавници. Од 295 луѓе скоро 30 отсто никогаш не би купиле нешто преку интернет, скоро околу 16 отсто сакаат но се плашат, додека 22 планираат да почнат да купуваат бидејќи тоа е иднината. Вкупно луѓе што не купуваат преку интернет се 200 луѓе од 295, односно 68 отсто од анкетираните.

Воопшто не изненадува што луѓето не купуваат онлајн. Интернет пенетрацијата во Македонија постепено се покачува, најновите бројки се дека 50 отсто од домаќинствата имаат широкопојасен (broadband) интернет, споредено со 30 отсто од 2008.

Но тоа што изненадува е што најголемиот дел од испитаниците, односно посетителите на IT.com.mk што е портал за технологија и интернет, се плашат да купуваат онлајн.

Навистина нелогично ни делува моменталната ситуација за купување онлајн во Македонија, особено во период кога сите земаат плата преку кредитни картички, кога се отвараат онлајн продавници, кога се поголем број фирми инвестираат во интернет маркетингот, кога има развој на онлајн купување на кредит за мобилен и се објавуваат нови електронски сервиси и сл.

Можеби причината е тоа што сеуште официјално го немаме популарниот сервис за онлајн плаќање PayPal во Македонија, иако една од поактивните теми на форумот на IT.com.mk е темата што објаснува како неофицијално да се користи овој сервис преку Тутунска Банка. Ова е популарна тема на форумот, што покажува дека има интерес за онлајн плаќање. Но од друга страна пак има и страв од онлајн купување.

Онлајн економијата овозможува голем број предности за корисниците и за компаниите – и локално, но и на државно ниво. Истовремено е-трговијата овозможува и пласирање на продукти и надвор од земјата.

Покрај развивањето на сервисите и начините за онлајн плаќање треба да се развие и свеста дека
е-трговијата може да биде безбеден метод на купување и продавање производи и услуги, само е потребно да се почитуваат стандардите и купувачот да ги знае опасностите. Но за сега… ситуацијата е таква како што е – интересна, љубопитна и страшна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk