Џои Ито зборува за Creative Commons

во Веб

{mosimage} Како Creative Commons прави пари? Од каде доаѓаат парите? прашува Guardian. „Просам“ се шегува Џои Ито директорот на Creative Commons кој е во Лондон „повеќе да слуша отколку да зборува“ за добротворнаta организација која работи со делење лиценци за креативно користење на дела заштитени со авторски права.

„Creative Commons e алатка чија платформа се авторските права (copyright). За да може CC да постои, мора да постојат и авторските права. Така таму каде што нема притисок за почитување на авторски права ние не сме интересни, таму каде што авторските права се комплициран проблем, каде луѓе сакаат да споделуваат заштитени дела, таму Creative Commons може да стане важна алатка“ вели Џои Ито во интервју на Guardian.

Најголем пример за користење на Creative Commons во светот е Flickr, друштвена мрежа за фотографии чиј инвеститор е и г-дин. Ито.

На Flickr има преку 100 милиони слики со CC лиценци, што значи тие слики можат да се споделат и да се искористат за друго дело без проблем на нарушување на авторските права. Се зависи од лиценците на CC со кои е заштитена фотографијата. (Повеќе за лиценците на Creative Commons можете да прочитате тука „Што е Creative Commons?"
или на сајтот на Creative Commons Македонија.
)

{mosimage}

Успехот на Flickr, придонесе да се рашири зборот за Creative Commons, па така сега се издадени вкупно 250 милиони лиценци, вклучувајќи ги и стоте лиценци на Flickr.

„Но во таа бројка не е вклучена Wikipedia која пред неколку месеци комплетно се префрли на CC лиценци, и мислам дека секој ја разбира Wikipedia“ вели директорот на Creative Commons.

Oбјаснувајќи ги лиценците г-дин. Ито вели дека „Се зависи од тоа кој сте вие. Ние не им кажуваме на луѓето како да се изразат; ние сакаме да доколку сте професионален музичар, да можете лесно и јасно да ја одредиш која техничка и легална лиценца ви одговора. Обично професионалните музичари одбираат лиценца што забранува комерцијална ре-употреба, за да си го заштити профитот кој доаѓа од продажбата на авторските права – што
и не е секогаш така – но на пример фотограф, посебно млад фотограф може да каже „јас сакам да бидам познат“, па ќе се фокусира на атрибуција [дозволено компира, дистрибуција, објавување].“ објаснува Џои Ито.

Целото интервју каде, покрај Creative Commons, г-дин. Ито зборува и за Тwitter и CC лиценците во Белата куќа, можете да го најдете на сајтот на Guardian. Можете да го искористите и овој линк од Google Translate за превот на македонски.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments