Disk Clean-up е долго-годишна алатка на Microsoft која е задолжена за бришење непотребни фајлови од вашиот хард диск. Со елиминација на привремени фајлови, Internet cache податоци, како и непотребни апликации, перформансите на вашиот систем можат да се подобрат.
Microsoft планира да го пензионира Disk Clean-up и да не го вклучува во идни верзии на Windows 10, предавајќи го местото на Storage Sense. Од друга страна, Cleanmgr е бесплатна, open-source алатка која веќе година дена се наметнува како интересен клон на Disk Clean-up, но со дизајн кој потсетува на Storage Sense.

Cleanmgr+ е проширена верзија на истата алатка. Разликата е во тоа што Cleanmgr+ нуди поддршка за scripting, како и мрачен режим на работа. По покренување на апликацијата, потребно е да ја изберете верзијата со која сакате да работите.







