Периоден систем на елементите или табела што ги содржи основните податоци за познатите хемиски елементи може да се истражува на интерактивен начин од следниот веб сајт.
На PeriodicTable можете да ги истражувате сите хемиски елементи што се откриени и забележани до сега. Со кликнување на некој елемент, добивате детални податоци за научниците кои се поврзани за тој елемент, како и предмети и процеси со кои се користи елементот. На располагање имате и графичка репрезентација за тоа што прави елементот кога ќе биде изложен на одредени хемисли услови.
Во позадина, сајтот има огромна комерцијалистичка примена и се залага за масовно продавање најразлични работи, но тоа никако не значи дека не можете да откриете и научите исклучително корисни работи, особено доколку го сакате предметот хемија.