Apple следи корисници и го крши законот во ЕУ вели Макс Шремс

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Apple го прекршува законот во Европа и следи корисниците на iPhone. Компанијата ова го прави без да побара дозвола од корисниците, вели активистот Макс Шремс, од Европскиот центар за дигитални права (noyb). Центарот веќе испрати достава до германските и шпанските агенции.

Apple за следење на овие корисници користи код за следење кој е уникатен за секој iPhone. Податоците од IDFA-кодот (Identifier for Advertisers) овозможуваат да се следат корисниците и нивните навики без дозвола, но и без знаење на корисникот, вели Financial Times. Развивачите на апликации го користат овој код за да им покажат на корисниците релевантни реклами.

„Следењето е дозволено единствено ако корисникот изречно се согласи. Apple има функционалност за вакво барање во прелистувачот; сепак сличен код постои и на телефонот, без барање на дозвола за следење од корисникот“, вели адвокатот Стефано Розети.

Ваквото собирање на податоци го прекршува Европскиот закон за заштита на податоци. Адвокатите го пријавија прекршувањето под директивата за е-приватност. Ова овозможува локалните агенции сами да го казнат Apple и нема потреба од чекање на Европската комисија, што ќе беше случај ако претставката беше за GDPR. Поради ова регулаторите во секоја држава членка можат веднаш да го казнат Apple.

Apple вообичаено е компанијата за која сметаме дека е поодговорна со податоците на корисниците. Последниве неколку телефони промоцијата ја фокусираат на приватноста и безбедноста. Од iOS 14 корисникот ќе мора да даде дозвола, пред да овозможи споделување на податоците со развивачите на апликации. Оваа функционалност веќе требаше да биде активирана, но поради неподготвеноста на големи развивачи на апликации и мрежи за рекламирање поместена е за 2021 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Макс Шремс е активист од Европскиот центар за дигитални права (noyb) и е почесен претседател на оваа невладината организација. Во 2018 година поднесе тужби против Google и Facebook со вкупна вредност од 8,8 милијарди долари. За жал овие тужби останаа без завршница откако Судот во Виена се прогласи за ненадлежен и одлучи дека споровите против овие компании треба да се решаваат во Даблин каде е седиштето на компаниите. Во 2020 noyb пред судовите во Германија и Шпанија поднесе претставка и против Apple, откако компанијата откри дека за потребите на „Identifier for Advertisers“ ги следи сопствениците на iPhone. […]