Неограничено споделување фајлови со File Doge

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

На интернет можете да најдете неограничен број веб сајтови кои ви дозволуваат да споделувате најразлични фајлови. Но, проблемот со скоро сите нив е или ве ограничуваат во поглед на големината на фајловите, или бараат создавање акаунт, или пак ве опсипуваат со бројни огласи. Ништо од ова не нѝ се допаѓа и, токму поради тоа, особено се израдувавме кога наидовме на услугата за споделување фајлови – File Doge.

File Doge ви дозволува лесно да споделите бројни фајлови, без никакво борбардирање од реклами или барање регистрација.

Процедурата за поставување и споделување фајлови е крајно едноставна. По посетување на сајтот, можете или да „фатите и пуштите“ фајл каде било во отворената страна или да кликнете на централната икона за отворање прозорец преку кој го лоцирате фајлот за споделување. Потоа, со кликнување на копчето Upload, фајлот ќе се постави и ќе ви се понудат стандардните опции за споделувања.

Иако ние немавме проблеми при поставување неколку фајлови, одреден број корисници пријавуваат проблеми при поставување на документите. Тимот е свесен за проблемот и работи на негово искоренување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments