Нека не ве збунува името кое асоцира на сега-прастариот оперативен систем на Microsoft. ExplorerXP е всушност алатка за најновиот оперативен систем, Windows 10. Преку едноставен ретро-инспириран интерфејс ExplorerXP ви дозволува да управувате со најразлични фајлови на вашиот хард диск.

Од една појдовна точка имате увид во големините на вашите фолдери кои дополнително можете да ги истражувате преку соодветни јазичиња. Паралелно со ова, можете да преименувате повеќе фајлови од еднаш, да цепите или спојувате фајлови, да отстранувате несакани податоци и многу повеќе. Интерфејсот е доволно флексибилен за да ви дозволида да го прилагодувате и менувате онакако како што најдобро би ви одговарало. Информирајте се повеќе за потенцијалите на оваа бесплатна алатка тука!







