iPhone 5S сега може да се купи и од Оne

Се чини заврши екслузивитетот на T-Mobile да биде единствен оператор кој ќе го продава популарниот iPhone на Apple во Македонија. По Vip, сега и One стартува нови промоции во кои го нуди најновиот iPhone 5S. Но, за разлика од T-Mobile и Vip, Оne нема да ги понуди поевтиниот и пластичен iPhone 5C, ниту постарата 3,5 инчна верзија iPhone 4S.

One ќе го понуди само iPhone 5S во сите три бои: сива, сребрена и златна по цени кои зависат од ново-воведените iPhone One тарифи. Пример, телефонот може да го купите за 8.000 денари, но со претплата од 3.200 денари за кои добивате неограничени минути и 20GB вклучен интернет. Во другите поевтини тарифи, телефонот чини далеку повеќе, пример во најевтината iPhone One S со 800 денари месечна претплата ќе треба да бплатите 22.000 денари за телефонот.

[youtube]ODmfmUWqlSA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk