Surface Pro 3 има 12 инчен екран; Microsoft го најави како таблет кој ќе го замени лаптопот

во Хардвер

Со 12 инчен екран и 2160×1440 резолуција, Surface Pro 3 е најголемиот таблет компјутер на Microsoft до сега, и истовремено со 9,1 милиметри е и најтенкиот уред на Microsoft кој работи на Intel Core i7 процесор. Microsoft можеби очекува дека големиот екран, што го прави Surface поблиску до димензиите на лаптопи, отколку до 9,7 инчниот iPad, ќе биде примамлив за корисниците и фановите на Windows 8 оперативниот систем. Заради големината се жртвува тежината од 800 грама, што го прави Surface тежок за носење, споредено со iPad Air кој тежи скоро половина од тоа, односно 470 грама.

Но, иако делува одлично изработен – поголемиот екран значи и поголема работна површина, а процесорот е одличен да ги изврши сите задачи – сепак прашањето е дали Surface Pro 3 ќе може да им конкурира на другите Android таблет компјутерите и секако на супериорниот и потенок Apple iPad Air? Одговорот, признава Microsoft со својата нова кампања, е дека не може. Наместо да се натпреварува со подобрите таблет компјутери, компанијата отвара нов фронт – ќе го претстави Surface како замена за лаптопите. Покрај моќниот процесор, Surface Pro 3 доаѓа со тастатура и електронско пенкало, со кое може полесно да се користи напреден софтвер како верзии на Office и Photoshop кои се оптимизирани за интерфејс на допир. Засега ова, според очекувањата од Microsoft, е доволно да не воведе во пост-PC ерата.


Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments